Вил Смит: Ќе ги разберам луѓето кои не сакаат да го гледаат мојот нов филм по шамарот на Оскарите
Во едно неодамнешно интервју, Вил Смит рече дека луѓето можеби не се подготвени да го гледаат неговиот нов филм со наслов Еманципација по неговата озлогласена шлаканица на Оскарите.
На 27 март 2022 година, за време на ноќта на Оскарите кои ги доделува Академијата, Вил Смит ја шокираше публиката откако го удри комичарот Крис Рок. Причината е позната, комичарот кој беше на сцената, се пошегува со избричената глава на сопругата на актерот, Џејда Пинкет Смит.
Во интервју за Good Day DC, Вил Смит рече дека ќе разбере ако луѓето не се подготвени да го гледаат неговиот нов филм по скандалот со Оскарите во 2022 година и додаде: „Целосно разбирам ако некој не е подготвен, апсолутно би го почитувал тоа, и јас ќе им дадам на луѓето простор ако сега не се подготвени“.
Понатаму, актерот рече: „Мојата најдлабока грижа е мојот тим: Антоан Фуква го направи она што мислам дека е најголемата работа во целата негова кариера. Луѓето во овој тим ја направија најдобрата работа во целата нивна кариера и мојата најдлабока надеж е дека моите постапки нема да го казнат мојот тим. Во овој момент, тоа е она кон што работам“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа