Вирусите ќе ве заобиколат и нема да настинувате - зајакнете го имунитетот со моќен напиток

 

Тешко е да се заштитите целосно кога сезоната на вируси и настинки е на прагот, но постојат некои „трикови“, кои би можеле да помогнат во нивното „заобиколување“.

Не постои едноставен начин да се избегне кивањето, болката во грлото, течењето на носто и сите останати симптоми на настинките и грипот, но постои еден напиток кој го нарекуваат уште и „волшебен“, бидејќи има неверојатно влијание во целиот процес.

За да го направите потребни би Ви биле:

Свежа, излупена и исечкана куркума

1 лажичка црн бибер

1 лажичка јаболков оцет

Половина лажичка мед

Начин на подготовка

Ставете две чаши вода во тенџере а потоа додадете ја свежата куркума, па загрејте на „тивко“. Почекајте да  проврие, а потоа намaлете ја температурата на ринглата и оставете така уште 10 минути. Додадете ги останатите состојки и тргнете ја куркумата. Толку е едноставно!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.10.2020 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега