Витаминот Д3 игра голема улога во борба против ковид 19- Ако го нема во доволна количина може да доведе до потешка форма на болеста

 

Ниското ниво на витамин Д3 може да го зголеми ризикот од инфекција од коронавирус или да доведе до потешка форма на болеста.

Витаминот Д3 покрај големото влијание кое го има на имунитетот е врзан и со коскениот систем. Ниската вредност на витаминот Д3 може да предизвика болка во коските и зглобовите, како и слабост во мускулите, а кај луѓето над 520 години го зголемува ризикот од пад и скршеници на коските.

Проценките на експертите се дека од 30 до 50 проценти од популацијата има дефицит на витаминот Д во организмот, кој често не се препознава клинички, се наведува во соопштението на здружението за развој на медицинска едукација.

Витаминот Д3 заедно со витаминот К2 се смета за една од најважните алки кога се работи за остеопорозата кај жените, особено во периодот на менопауза, кога нивото на естроген е значително помал.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2021 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега