Влада: По 11.000 денари за 84.000 вработени во администрацијата

 
Иако претходната Влада не предвидела средства за исплата на К15 во основниот буџет, со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата, се вели во соопштението кое утрово го испрати прес центарот на Владата.

„Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година.

 Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените.

Со овој пакет К15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата.

На овој начин Владата покажува конкретна грижа за секој еден вработен во исполнување на нивните права.“ - се вели во сооптшението

 
10.09.2024 - 09:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега