Влада: Спортистите пионери, младинци и кадети можат да ги организираат натпреварите без задолжителен сертификат за вакцинација

Од Владата информираат дека спортистите пионери, младинци и кадети можат да ги организираат натпреварите без задолжителен сертификат за вакцинација.

„На оваа седница е прифатена препораката на Комисијата за заразни болести да се прифати барањето на Агенцијата за млади и спорт да се дозволи организирање и учество на натпревари во сите спортски во категориите пионери, младинци и кадети без приложен сертификат за вакцинација, со заклучок дека останува препораката да се вакцинираат сите за кои е одобрена вакцинацијата, вклучувајќи ги и децата и младинците од 12 годишна возраст натаму“-се вели во соопштението.

13.10.2021 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега