Владата на потег- ќе има ли забрана за движење од 23 часот?

Владата на денешната седница ќе одлучува дали ќе го усвои предлогот за измена на рестриктивни мерки.

Новиот предлог на Главниот кризен штаб се однесува на намалување на полицискиот час, а Комисијата за заразни болести утринава има состанок.

Се предлага полицискиот час да започнува од 23:00 часот и да трае до 05:00 часот наредниот ден

Работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) да биде до 22:30 часот.

Доколку мерките се усвојат, истите ќе важат од среда, 5-ти мај.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2021 - 08:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега