Влегол во погрешен вагон и ја преживеал несреќата

 

Панајотис Стафилос е млад човек кој го преживеа сударот на возови во Грција во кој загинаа најмалку 43 лица, јавува Би-би-си.

Имал билет за друго купе, но за негова среќа погрешил, ги измешал бројките и отишол во друг вагон.

По страшната несреќа, првиот и вториот вагон на возот беа речиси уништени. Да седеше каде што требаше, веројатно ќе умреше.

Петтиот вагон во кој заврши младиот човек успеа да остане на патеките.

Стафилос изјави за Би-Би-Си дека „можеби од чиста среќа или ме чувал Бог“ не сум меѓу повредените или загинатите.

Да потсетиме, во оваа несреќа загинаа најмалку 40 лица. Поради несреќата е уапсен шефот на железничката станица, а министерот за транспорт си поднесе оставка откако на виделина излезе катастрофалната состојба на железницата во земјава, пренесе Аваз.ба

02.03.2023 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега