ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ од една страна организираат со СДС црни сценарија за етнички конфликти од друга глумат загрижени
ДУИ се лицемери, од една страна организираат со СДС црни сценарија за етнички конфликти од друга глумат загрижени и подбуцнуваат групи да дивеат и внесуваат раздор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Така владееја над 20 години. ДУИ треба да знае дека СДС не е на власт, а ДУИ е опозиција. И сите нивни инструменти и потрчковци кои ќе посегнат по рушење на редот и поредокот ќе одговараат. Ниту ДУИ ниту Ахмети не се над законот.
Наместо протести, бидејќи ДУИ нема сила за протести добивме кукавичко сценарио за етнички поделби и конфликти. Ќе загубите и овој пат“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
29.11.2024 - 09:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа