ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот кој го направи Филипче е запрен, нема веќе лекови на реверс

 

Филипче и СДС направија хаос на Онкологија.Ова денеска преку соопштение го велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Филипче и СДС ги оставија пациентите без терапија, без лекови, во агонија и недостаток на медицински кадар. Филипче и СДС профитирале на здравјето на македонските граѓани. Филипче треба да знае дека нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на бизнис мафијата блиска до СДС. Филипче и СДС креирале криминални шеми на Онкологија од кои профити имаа Филипче и блиските до СДС, велат од ВМРО.

Додаваат дека Филипче треба да знае дека нема повеќе како до сега, кога со години, Клиниката за онкологија набавувала лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, Д-р Пановски, за потоа истите тие лекови да се враќаат веднаш штом компанијата ќе добие нов тендер.

- Хаосот е запрен и стабилизиран. За разлика од владеењето на Филипче и СДС сега хаосот на Онкологија е запрен, нема веќе лекови на реверс, кадарот на Онкологија е зголемен, основниот буџет за следната година е зголемен, и сега има двојно повеќе медикаменти од претходно, додаваат од владејачката партија.

31.01.2025 - 09:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега