ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски има слика и со Ковачевски кој е прв во криминалот
Очигледно СДС нема попаметна работа па листа фотографии на социјалните мрежи и гледа кој се фотографирал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и од тоа фабрикува лажни вести, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да им олесниме, Мицкоски има фотографии и со Димитар Ковачевски, на последната лидерска средба и со Али Ахмети. И двајцата за жал водечки во криминалот во државата.
Фотографијата со нив не значи дека Мицкоски го споделува нивниот криминал, но тоа секако дека значи дека тие и нивните пулени веднаш по нивната смена ќе одговараат за секој криминал“, додаваат од партијата на Мицкоски.
Кога сме кај соработниците и блиските луѓе до власта, како што велат од опозициската партија, првиот братучед на Сашко Николов, поранешен градоначалник на Штип и финансиер на СДСМ е фатен како е дел од криминална банда рекетари, лихвари и изнудувачи.
Прашуваат, дали првиот братучед на најблискиот соработник на Ковачевски изнудувал и рекетирал поради блискоста и заштита која ја имал со Ковачевски?
Дали Ковачевски ќе се извини за овој скандал и дали е вистина дека братучедот на соработникот на Ковачевски рекетирајќи се повикувал на името на Димитар Ковачевски?, се наведува во реакцијата на партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа