ВМРО-ДПМНЕ: Николовски мора да одговори, зошто никој не контактирал со Арекспорт зошто не го реализира договорот за закуп?


Љупчо  Дон Николовски, поранешен министер за земјоделие потпишал договори за закуп на земјоделско земјиште со фирмата Арекспорт од Струмица со што го оштетил буџетот, кој се полни со пари на граѓаните, за околу половина милион евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.  

„Николовски морал да е во тек со реализација на договорот за закуп со Арекспорт. Зошто? Затоа што, прво, тоа е договор за закуп на над 1400 хектари, второ, тоа е договор кој не се извршува согласно закон и трето, тоа е договор за кој не се плаќа закупнина. А резултатот е, незаконски земање на  половина милион евра субвенции. 

Љупчо Дон Николовски не само што можел, туку и морал да го раскине договорот за куп со Арекспрот. Зошто морал да го раскине договорот со Арекспорт? Затоа што фирмата Арекспорт се обврзала дека ќе инвестира 2 милиони и 450 илјади евра на закупеното земјиште, а не инвестирала ниту 300.000 евра.

Николовски мора да одговори, зошто никој не контактирал со Арекспорт зошто не го реализира договорот за закуп?

Николовски мора да одговара за трошење на народни пари, а надлежните институции треба да реагираат“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

13.09.2024 - 09:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега