ВМРО-ДПМНЕ: Помина времето на селективност и заштита на партиските лица и функционери на СДС

 


СДС треба на се навикне дека законот важи и треба да важи еднакво за сите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Помина времето на селективност и заштита на партиските лица и функционери на СДС.

Времето кога прекршувањето на законите од страна на државните функционери беше правило и тие поминуваа неказнето, заврши со заминувањето на СДС во опозиција.

Монтираните процеси, реваншизмот и прогонот кон неистомислениците се одлика што го одбележа седумгодишниот период на владеење на СДС.

Редовното функционирање и инспекциите на институциите во општините и општинските претпријатија, не е и не може да се смета за притисок.

Тоа е редовна пракса и обврска на инспекциските служби и таа се спроведува во сите општини, без исклучок.

Институциите се независни, работат согласно закон и постапуваат во согласност со доказите и фактичката состојба.

Наместо сега да плачи на прес-конференции, СДС и нејзините, и така малку функционери што ги има, да почнат да ги почитуваат законите и да работат во интерес на граѓаните“, стои во сооптението од ВМРО-ДПМНЕ.

24.07.2025 - 13:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега