ВМРО-ДПМНЕ: Што е следно од СДСМ - Венко и Фани да играат на „Расцветјали јаблани и круши“, додека Фрчкоски и Чупеска во прв ред аплаудираат

Со зачуденост, но и со доза на загриженост, ја следиме вчудоневидувачката трансформација на СДС во анти-трампистички лидер во регионот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Очигледно, за СДС не е никаков проблем нивниот близок пријател и коментатор, Сашо Орданоски, јавно да го навредува актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, нарекувајќи го „лажго, неонацист и необразован политичар“.
И што прави СДС по ова?
Громогласно молчи!
Се прашуваме,
Дали ова значи нивно отстапување од државниот курс утврден уште во 90-тите години?
Дали можеби Левица го одигра своето влијание врз раководството на СДС и нивните сателити?
Или пак, ова е резултат на мрачните структури поврзани со тајните служби од регионот кои работат Македонија да скршне од својот евроатлантски пат?
Што е следно?
Венко и Фани да играат на „Расцветјали јаблани и круши“, додека Фрчкоски и Чупеска во прв ред аплаудираат?
Вратете се на курсот“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
21.02.2025 - 11:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа