ВМРО-ДПМНЕ: Судиите и обвинителите ги штитат криминалците од СДС и ДУИ

 


СДС и ДУИ обединети со нивните послушници во правосудството, ги штитат криминалците и мазут мафијата којашто го труела народот за време на енергетска криза, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица ги штитат криминалците од СДС и ДУИ и мазут мафијата која сторила криминал тежок 167 милиони евра.

Судиите и обвинителите измеќари на СДС и ДУИ го штитат криминалот на нивните функционери и ги кочат и опструираат процесите и правдата.

Мазут мафијата, во која се вмешани високи функционери од СДС и ДУИ, преку организиран криминал и системска корупција, екстра профитирала и го труела народот со канцероген мазут.

Криминалците од СДС и ДУИ и нивните бизнис фаворити како Јахоски поради лукративни причини, провизии и бизнис зделки го труеле народот со канцероген мазут, поради екстра профит и направиле криминал тежок 167 милиони евра.

Корумпираните судиите и обвинителите работат по насока на СДС и ДУИ и ги штитат  нивните блиски бизнис партнери, за да делат проценти и провизии меѓусебно.

Корумпираните судии и обвинители ги штитат функционерите од СДС и ДУИ и нивните милионски бизниси и имот стекнати на криминален начин и не дозволуваат институтот правда да завладее.

Време е да се стави крај на системската корупција и организираниот криминал и секој функционер којшто сторил криминал да одговара.

Спрегата помеѓу правосудството, СДС, и  ДУИ мора да заврши, корумпираните судии да одговараат, а владеењето на правото и правдата да профункционираат.

Времето на криминалци во политиката заврши“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

13.03.2025 - 09:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега