ВМРО-ДПМНЕ: Власта ги затвори граѓаните, ама сега имаат шанса да си ја поправат грешката

Пратениците на СДС и ДУИ имаат шанса колку толку, да ја исправат својата грешка со пасошите и малтретирањето на целиот народ, затоа треба да се одважат и да гласаат за продолжување на нивната важност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните ги затворија во својата држава, направија отворен затвор од Македонија. Делеа пасоши свесно две и пол години, иако знаеле дека важноста ќе помине, пред истекот на датумот впишан на самите исправи.

Народот доста веќе истрпе и доста беше омаловажуван од власта, сега е време да им се помогне на граѓаните. Треба барем 15 чесни пратеници од власта да има, кои ќе му помогнат на својот народ и ќе ги спасат од оваа неправда, заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, да го изгласаат законот, за продолжување на важноста на пасошите“, се истакнува во нивната реакција.

Во спротивно, како што велат, тие сите, треба да се откажат од своите дипломатски пасоши, со кои патуваат непречено, кога и каде да посакаат.

23.02.2024 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега