ВМРО-ДПМНЕ за истрагата во Кочани: СДС сега можат само да седат и да слушаат
Во СДС очигледно сонуваат навечер и кога ќе станат од досада решаваат да напишат соопштение, односно во истото да го раскажат сонот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа е потврда и денеска, или пишуваат за случајот Кочани како немало истрага, како се било фарса.
Нема да им ги раскажуваме деталите, бидејќи надлежните институции на дневна основа информираат, секако за она што не може да влијае на истрагата.
СДС сега можат само да седат слушаат, поточно да се информираат за истрагата, прво за тоа што го пропуштиле па потоа за тоа што тековно ќе се случува.
Јасно им е на сите во каква состојба е СДС, ама барем нека не се бламираат дополнително, туку нека се информираат и нека почнат за добро на државата барем за оние малкумина верни што им останаа“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа