ВМРО- ДПМНЕ: Заев со пописот ќе ја турне Македонија во епидемиски пожар

За власта на Заев е нормално да организира попис среде епидемија во која само од почетокот на месец март има над 17 илјади нови заболени и скоро 400 починати од КОВИД-19. Во услови кога речиси сите европски земји ги одложија своите пописи, владата на Заев ќе организира попис со над 15 илјади активни случаи на заразени, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека Заев ја турка Македонија во епидемиски неконтролиран пожар, само заради каприц и политички хир. Ова веќе не е статистичка туку политичка операција на Заев кој е тотално одлепен од реалноста.

„Уште еднаш да предупредиме дека 5.500 попишувачи, ќе треба да влезат во секое домаќинство во државата. Голем број од нив може да бидат асимптоматски, а да заразат хронично болни или стари луѓе, по што последиците по тие луѓе ќе бидат фатални.Ако Зоран Заев е спремен и по цена над две илјади изгубени животи да оди на попис, Македонија не е.“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2021 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега