ВМРО: СДСМ и ДУИ ги оставија учениците без учебници
СДС и ДУИ го девалвираа и уништија образованието изминатите 7 години. Ова денеска го велат од владејачката партија.
Во прилог соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во целост:
СДС ги остави училиштата без основни средства за дезинфекција, учениците без материјали и учебници.
Концептот на СДС и Мила Царовска тотално го уништија образованието а поради тоа најмногу страдаа децата и наставниците.
Концептот на Царовска и СДС за дигитализација на образованието создаде хаос.
СДС наместо да обезбедат учебници со години ги полнеа џебовите со ексклузивните договори за печатење учебници и откуп на ексклузивни права.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбеди учебници, гради и обновува училишта и спортски сали.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи за да го направи образованието подобро и поквалитетно.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ соработува со учениците и студентите, наставниците и родителите, и со сите граѓани и експерти за да воспостави напреден воспитно-образовен систем.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа