Внесете промени: 5 совети за незаборавно сексуално искуство

Здравиот сексуален однос е поврзан со доброто функционирање на срцето, намален стрес, долговечност и други предности.

Но, што да правиме во оние денови кога се чувствуваме исцрпен и физички и психички? Што се случува кога душата сака, а телото тврдоглаво одбива?

Експертите нè потсетуваат дека сексот е неопходен, не само поради нашето здравје, туку и за одржување на љубовната врска, да не дојде до прерано раскинување.

Постојат начини да имате сексуален однос, иако сте исцрпени.

Постои повеќе од пенетрација

Кога зборуваме за секс, не мора да се ограничуваме само на пенетрацијата. Прелиминарните подготовки се еднакво важни и можат да ве доведат до оргазам. Секако ќе го зголемат хормонот на доброто расположение, окситоцинот и допаминот.

Обидете се со „мрзеливи“ пози

Кога уморот преовладува, не мора да применувате тешки секс-пози. За удобност и уживање бирајте ја класичната мисионерска поза или лажица.

Секс попладне

Без оглед на тоа дали работите од канцеларија или од дома, попладневниот секс е идеален. Кортизолот се зголемува, а мелатонинот кој нè успива се намалува.

Интимата нека биде приоритет

Доколку мислите дека интимните моменти со партнерот треба да се наоѓаат на последно место, тогаш имате проблем. Поентата е да сакате да го поминувате времето заедно и да не чувствувате дека сексот е задача која треба да ја исполните.

Бавен (пријатен) секс

Колку што сексот е побавен, толку помалку енергија ви е потребна. Исто така попријатен е поради тоа што нема брзање ниту пак стрес.

16.12.2021 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега