Внимавајте ако патувате: Опасен паразит во една од омилените дестинации на Македонците

Британските и германските таблоиди ги предупредија своите граѓани да внимаваат при патување во Хрватска.

Причината за ова е зголемениот број на инфекции со дигестивни проблеми, предизвикани од паразит.

Заразените туристи престојувале во кампови, од кои најголемиот број во Истра. Според истражувањето дури 14 од 15 испитаници користеле затворени базени.

Најверојатно се работи за криптоспоридиоза, болест која се шири преку контаминирана храна или вода. Паразитите се отпорни на хлор па може со недели да се задржат во базените.

Инфекцијата се карактеризира со повраќање, дијареа, стомачни болки и треска.

Здравствените власти покажаа загриженост бидејќи вообичаено се пријавуваат помалку од 5 случаи годишно.

Сепак, таблоидите забележуваат дека квалитетот на морето на хрватските плажи во Истра во 2023 година бил одличен.

29.01.2024 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега