Внимавајте: Измамник се претставувал во името на Централен регистар, нудел услуги и барал пари
„Ја информираме јавноста, дека, откако извесен субјект во името на Централен регистар нудел на правни субјекти извесни услуги, вклучувајќи пакети, сертификати, награди и сл. а притоа информирајќи ги субјектите за нивната деловна состојба, а за услугите барајќи одреден надомест, зад истиот понудувач на наведените услуги НЕ СТОИ Централниот регистар како институција и децидно се оградуваме од било каква соработка и поврзаност со понудувачи од овој вид.“-информираат од Централниот регистар.
-Ги советуваме граѓаните да не подлегнуваат на информации од овој вид, за сѐ што ќе бидат информирани од надворешни субјекти / понудувачи да бидат ВНИМАТЕЛНИ, да го информираат Централниот регистар, со цел да се заштитат себеси а и останатата јавност од ваков вид на злоупотреба.
За дополнителни информации, контактирајте на [email protected]
Ви благодариме на соработката!-стои во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа