Внимавајте каде паркирате: Казнети 205 возачи во Центар
Изминатата недела се изречени санкции за 205 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар, информираат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.
-Во периодот од 21.03. до 27.03.2022 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 133 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокапаркингтор“ санкционирани се 72 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се наведува во соопштението.
Од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ повикуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа