Внимавајте каде паркирате: Пајаците товарија 122 возила

 

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје, минатата недела санкционираа 237 непрописно паркирани возила, кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, известува ПОЦ.

„Во периодот од 11.9. до 17.9.2023 година, со помош на специјалните возила ‘пајак’ на ЈП ПОЦ, отстранети се 122 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство ‘блокатор’ санкционирани се 115 возила, кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници резиденти на секторот во кој биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територијата на општина Центар“, се додава во соопштението на ПОЦ.

18.09.2023 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега