Внимавајте каде паркирате: Пајаците товарија над 100 возила
Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и локалната самоуправа, во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје, изрекоа санкции за 225 непрописно паркирани возила, што го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
-Во периодот од 13 до 19 ноември, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП „ПОЦ“, отстранети се 130 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“, санкционии се изречени за 95 возила, што биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници - резиденти на секторот каде биле паркирани, се појаснува во соопштението на претпријатието.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа