Во авионска несреќа загина потпретседателот на Малави

Потпретседателот на Малави, Саулос Чилима (51), и уште девет лица загинаа во авионска несреќа, соопшти денеска претседателот на таа африканска земја, Лазарус Чаквера.

Остатоците од воениот авион со потпретседателот Чилиму се пронајдени во планинска област на северот на земјата по еднодневна потрага, пренесе АП.

За време на телевизиското обраќање до нацијата, Чаквера рече дека немало преживеани.

11.06.2024 - 15:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа