Во Црна Гора школската година ќе почне на 1 октомври
Министерството за образование на Црна Гора денеска го пролонгира почетокот на школската година и отворањето на градинките до 1 октомври, а еден од родителите на децата помлади од 11 години ќе имаат право на платено отсуство.
Црногорските здравствени власти проценија дека регуларниот почеток на школската година на 1 септември „носи ризик по здравјето на децата поради неизвесниот развој на епидемиолошката ситуација, која, иако е под контрола, се уште е сложена“.
во Црна Гора во моментот има 1.019 активни случаи на Ковид-19, а од средината на јуни, кога почна вториот бран на епидемијата од последици од новиот коронавирус починаа 71 човек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа