Во Градска хоспитализирани 27 лица со тешни изгореници, 24 на Клинички, 18 во „8 Септември“

 

Повредени во пожарот во Кочани пренесени во Штипската Болница, во „8 Септември“ и на Скопските клиники.

Како што објави Канал 5,  во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје се хоспитализирани 27 лица со тешни изгореници, 24 на Клиничкиот центар, 18 во „8 Септември“, од кои двајца во критична состојба.

Меѓу повредените во Градска има и малолетници

Повеќето од повредените лица во пожарот во дискотеката во Кочани што се случи ноческа се пренесени во кочанската општа болница каде се уште им се укажува медицинска помош.

Поради сериозност на повредите здобиени како резултат на пожарот и вдишување чад дел од повредените се пренесени во Клиничката болница во Штип, во Градската општа болница „8 Септември“ и на Скопските клиники.

Пред Болницата во Кочани се наоѓаат голем број на блиски и роднини на повредените и на починатите. Општинската организација на Црвен крст прави списоци за утврдување на идентитетот на загинатите лица.

16.03.2025 - 08:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега