Во Југоистокот проблеми и со фингер, и со УВ апаратите

Сите 273 избирачки места во десетте општини во Југоистокот се отворени утрово во 7 часот, а право на глас во првиот круг на претседателските избори имаат 141.167 гласачи.

Според информациите од општинските изборни комисии, гласањето веќе тече, а освен неколку мали технички проблеми со фингер и УВ апаратите не се забележани други проблеми. Според изборните комисии техничките проблеми се надминуваат и не влијаат на изборниот процес.

Инаку, во Југоисточниот плански регион се гласа во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово.

Вчера гласаа болните и изнемоштените и затвореници од затворите во Струмица и Гевгелија. р

24.04.2024 - 09:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега