Во Македонија вакцинирани нешто повеќе од 3.000 здравствени работници - во Србија 1,6 милиони луѓе

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, за РТС изјави дека бројот на вакцинирани лица се приближува до 1,6 милиони.

Брнабиќ посочи дека 95 проценти од регистрираните од приоритетните групи се вакцинирани и ги повика граѓаните од сите возрасти да аплицираат за вакцинација.

„Утре очекуваме уште 500.000 дози од вакцина на ‘Синофарм’, а нов контингент на вакцината на ‘Фајзер’ се очекува в понеделник“, рече Брнабиќ, најавувајќи дополнителна испорака и на руската вакцина „спутник В“.

„Вакцините ќе бидат доволни, ова е вистинскиот начин да се бориме против коронавирусот“, рече Брнабиќ.

Таа предупреди на зголемување на бројот на заболени по примање на првата доза на вакцината, наведувајќи дека тоа е последица на опуштање и игнорирање на мерките, повикувајќи да се почитува епидемиолошката дисциплина по првата вакцинација и најмалку дваесет дена по примање на втората доза.

МАКФАКС

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега