Во петок или недела ќе се знае кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека в петок или недела ќе се знае кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени.
Како што изјави Бектеши, влезните параметри за овошјето и зеленчукот од Министерството за земјоделство се веќе во Министерството за економија и се очекуваат уште податоците од Царинската управа.
Во текот на денешниот ден, најверојатно до утре, ќе ги имаме сите податоци и во петок или во недела ќе ја информираме јавноста на кои овошја и зеленчуци ќе се замрзнат цените, истакна Бектеши откако соопшти дека се замрзнуваат цените на хигиенските производи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа