Во понеделник без вода корисниците на неколку скопски населби
Поради зафат на водоводната мрежа во близина на пумна станица Жданец, во понеделник (11 јули) ќе има прекинато водоснабдување.
Прекин на водоснабдувањето ќе имаат корисниците од населбите Жданец, Трнодол, Нерези и дел од улица „Козле“ (висока зона).
Како што информираат од РЦУК Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со работните активности.
08.07.2022 - 13:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа