Во понеделник дел од админситрацијата на протест: За оваа плата не се работи - бараме 30% додаток

 

По штрајкот на вработените во Државното правобранителство, на 14 јануари на протест ќе излезат вработени од шест министерства и Државниот завод за статистика.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, потврди дека протестираат вработените од министерствата за култура, животна средина, европски прашања, дигитална трансформација, транспорт и врски, економија и труд.

Во понеделник ќе биде официјално објавено кои уште институции ќе се приклучат. Барањето е потпишување на колективен договор кој предвидува 30% додаток на плата за вработените

10.01.2025 - 14:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега