Во Русија поплавени повеќе од 10.400 домови
Повеќе од 10. 400 домови во Русија се поплавени, објави државната новинска агенција. Како што е наведено, ситуацијата е најсериозна во регионот на планината Урал.
Нивото на реката Урал, која извира од планината Урал и се влева во Каспиското Море, во петокот за само неколку часа порасна за неколку метри поради топењето на снегот, што предизвика пробивање на насипот на браната во градот Орск, 1.
800 километри источно од Москва.
08.04.2024 - 11:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа