„Во шок сум“: Британската војвотка Сара првпат проговори по дијагностицирањето рак на кожата

Војвотката од Јорк, Сара Фергусон (64), денеска изјави дека е во шок откога ѝ е дијагностицирана малигната форма на рак на кожата, но дека е добро расположена.

„Секако дека уште една дијагноза на рак беше шок, но јас сум добро расположена и благодарна за многуте пораки за љубов и поддршка.

„Јас сум им неверојатно благодарна на медицинските тимови, кои ме поддржаа во двете искуства со ракот, како и на Клиниката ‘Мејлиф’, што нежно се грижеше за мене во текот на изминатите недели давајќи ми време да закрепнам“, рече Фергусон, пренесува „Ројтерс“.

Сара Фергусон, поранешната сопруга на принцот Ендрју, изјави дека неодамна ѝ бил дијагностициран малиген меланом откако минатото лето дознала дека има рак на дојката и оти била подложена на мастектомија.

Таа се разведе од принцот Ендру во 1996 година по што изгради кариера како писател, но сè уште е блиска со Ендру и живее со него во семејната куќа во Виндзор.

По отстранувањето неколку бенки, ѝ бил дијагностициран малиген меланом, но еден се покажал како канцероген.

Таа ќе помине низ дополнителни проверки за да утврди дали ракот бил дијагностициран во рана фаза, изјави претходно нејзиниот портпарол.

„Нејзиниот дерматолог побара да се анализираат неколку отстранети бенки во исто време кога војвотката беше подложена на реконструктивна операција по мастектомијата, а една од нив беше идентификувана како канцерогена.

„Очигледно е дека новата дијагноза, по ракот на дојката, е вознемирувачка, но војвотката остана добро расположена“, вели портпаролот.

22.01.2024 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега