Во шума пронајдено безживотното тело на малата Силија која исчезна во Франција

Телото на шестгодишното девојче кое исчезна во близина на Руан, Франција, било пронајдено во текот на ноќта во петокот, неколку часа откако беше активиран полицискиот систем за предупредување за киднапирање. Мајката на девојчето во петокот околу 18 часот повикала полиција и пријавила дека партнерот ја нападнал со нож.

Рекла дека успеала да побегне од куќата, но дека нејзиниот партнер, кој не е татко на девојчето, останал внатре со детето. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, куќата била празна. Тогаш беше активиран системот за предупредување за киднапирање и беа мобилизирани повеќе од стотина припадници на жандармеријата и другите полициски оддели, како и кучиња трагачи и хеликоптер.

Локален жител, кој видел информации за киднапирањето, нешто по 22 часот го пронашол автомобилот на киднаперот. Полицијата го пронашла телото на детето во шума во близина на возилото на осомничениот.

Полицијата го пронашла и привела осомничениот околу 6 часот во близина на местото каде што бил откриен неговиот автомобил во шума, соопшти полицијата.

Мајката на девојчето, која беше жртва на првиот напад, моментално е хоспитализирана, но нејзиниот живот не е во опасност, соопшти обвинителството.

13.07.2024 - 13:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега