Во Скопје има пуштено во употреба нови семафори
Продожуваат активностите на Град Скопје и јавното претпријатија „Улици и патишта“ за зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот, преку реконструкција на постојната и поставување на нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.
Деновиве се пуштени во употреба новите семафори со прекинувачи за најава на пешаци на крстосница на улица „Скупи“ со улицата која води кон населбата Бардовци, поставен е и нов семафорски столб на крстосница помеѓу бул. „8 Септември“ и улица „Скупи“, а на повеќе крстосници со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ се поставени бројчаници на семафорите.
Дополнително, по налог на Град Скопје, екипите на ЈП „Улици и патишта“ монтираа нови лантерни на семафорите на крстосницата бул. „Србија“ со бул. „Трета македонска бригада“, извршија санација на оштетените светлосни заштитни столпчиња по должината на улицата „Никола Карев“, а ја санираа и заштитната ограда на булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“, на кружниот тек кај Католичка црква.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа