Во Словенија откриен нигерискиот вид на коронавирусот

По идентификацијата на британскиот и јужноафриканскиот вид на коронавирусот, во Словенија е потврден и нигерискиот вид.

Досега се откриени седум случаи на најновата варијанта, а ги откри лабораторијата на Универзитетскиот медицински центар Љубљана, пренесуваат словенечките медиуми.

Досега достапните податоци покажуваат дека нигериската мутација веројатно не предизвикува потешка форма на Ковид-19.

Јужноафриканската варијанта е потврдена во Словенија на 9 февруари кај 54-годишен маж. Министерот за здравство, Јанез Поклокар, рече дека во изминатата недела се потврдени 62 случаи на британската мутација и еден случај на јужноафриканскиот вид на вирусот, додавајќи дека тој не знае ништо за присуството на нигерискиот вид.

Официјален извештај за присуството на разни мутации на вирусот што кружат во Словенија се очекува утре, јавува агенцијата СТА.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа