Во живо: Нови протести во Софија, во судири со полицијата уапсени 126 лица

 

Во тек се нови протести во Софија на кои повторно дојде до судири помеѓу демонстрантите и полицијата, а уапсени се вкупно 126 лица.

Вечерва, група демонстранти одговориле на апелот на полицијата да престанат да го нарушуваат јавниот ред и мир, со уште поголема агресија, пренесува бугарската агенција Агерпрес. Полициските вооружени сили ги потиснала демонстрантите на три групи и така отстранувајќи околу 20.000 граѓани од плоштадот.

Се наведува дека насилните демонстранти користеле разни тврди предмети во судирите со полицијата: стаклени шишиња, метални шипки и цевки, камења, пластични маси и столови и други.

Директорот на полицијата во Софија, Георги Хаџиски, утрово на брифинг изјавил дека 80 полицајци се здобиле со повреди за време на судирите, а меѓу повредите тие имаат скршени коски, изгореници на лицето и рани.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2020 - 22:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега