Водата во Дебарско Езеро од прва категорија

Водата во Дебарско Езеро може слободно да се користи за капење и рекреација, објави попладнево Општина Дебар.

- Врз основа на последните примероци земени од Дебарското Езеро од Центарот за јавно здравје (ЈЗУ) – Охрид, од микробиолошките анализи, во експертското мислење стои дека според испитуваните параметри на езерската вода а според (Сл.Весник на РМ бр. 129/2016), класификацијата е
оценета како одлична, стои во објавата.

Според Уредбата за класификација на водите, пак, испитувањето на параметрите од хемиската анализа одговараат на прва класа.

17.06.2024 - 20:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега