Водителката Лила призна: 2022 ми одржа незаборавна лекција, која скапо ме чинеше

 

 

И водителката Лила Стојановска ја испрати 2022-рата година, па на социјалните мрежи призна дека и била навистина тешка. Водителката вели дека оваа година и одржала незаборавна лекција која скапо ја чинела, а и приредила и искуство, за кое не била подготвена.

„Заслуживме ваква насмевка од срце и јас и Рагнар. Заслуживме да и се насмееме и да ја испратиме старата година. Година која ми одржа незаборавна лекција…која скапо ме чинеше, ама истовремено сум и многу благодарна за искуството за кој не бев подготвена“, пишува Лила во описот на објавените фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, на која позира насмеана со нејзиниот мачор Рагнер.

„Ама нели “храбрите ги прати среќата” па излегов посилна и помудра! Затоа сакам што побрзо да си оди, доста и беше !!!Она што ми е најбитно од се и во оваа година ми е да сум здрава и жива и да бидам опкружена само со позитивни луѓе , луѓе кои ме инспирираат и го будат најдоброто во мене“, смета Стојановска.

На крајот од напишаната порака и на своите следбеници им порача „Среќна нова година“.

„Истото ви го посакувам и Вам драги пријатели ... благодарам на вашата поддршка и критика на сета љубов што ми ја давате затоа што ако Ве нема Вас и јас не би била тоа што сум...Имајте најсреќна нова година….Ве сакам …и во годинава што следува бидете ми живи и здрави...Ваша Лила“, се дополнува во објавата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

04.01.2023 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега