Волонтерите од организацијата САНО добија новогодишна донација од Македонски Телеком

 

Подарувањето и грижата се вообичаени за овој период од годината, но за волонтерите од организацијата САНО, кои им помагаат на децата со малигни заболувања и нивните родители, грижата и поддршката се секојдневие.

Овие херои кои се соочиле со малигнитети во детска возраст и ја победиле болеста им помагаат на децата со ранлива здравствена состојба во каква што биле и самите пред неколку години. 

Искуствата што ги имале додека се бореле со болеста им помагаат на волонтерите лесно да препознаат каде и каква помош им е потребна на овие деца и нивните родители. Споделувањето искуства, психолошката и логистичката поддршка низ здравствениот систем, но и едноставното дружење со децата и родителите се дел од секојдневните активности на мрежата волонтери од САНО. Минатата година оваа организација отвори и Родителската куќа во која престојуваат родителите чии деца се лекуваат на Клиниката за детски болести. 

Во пресрет на Новогодишите празници, Македонски Телеком ѝ дава поддршка преку  донација на оваа хуманитарна организација, за да помогне во реализација на нивните проекти и активности.

Годинава, компанијата во заедничка акција со вработените донираше  и монтажна општа амбуланта на Клиника за детски болести, а со поддршката на волонтерите на САНО, ја продолжува својата мисија за креирање хумано општество. 

Овие луѓе треба да се пример и инспирација за сите нас и пред крајот на оваа година која ни донесе многу предизвици да нè потсетат дека малите лични подвизи можат да направат големи промени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2020 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега