Вонредна ревизија на сите јавни претпријатијa
Градот Скопје до крајот на оваа недела отпочнува со спроведување вонредна ревизија во работењето на сите јавни претпријатија под негова надлежност.
„Справувањето со корупцијата и непотизмот во јавните претпријатија е едно од основните предизборни ветувања на градоначалничката Данела Арсовска. Резултатите од спроведената ревизија ќе бидат објавени јавно, а доколку бидат констатирани и неправилности при работењето на раководните лица во претпријатијата, за истите ќе бидат известени и соодветните надлежни институции“, соопштија од Град Скопје.
13.08.2024 - 18:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа