Возете внимателно: Врнежи од снег на планинските превои
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по насместа влажни коловози. Како што информира ЈП „Македонија пат“, врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово и на планинските превои Буково, Ѓавато и Плетвар, додека врнежи со среден интензитет се бележат на Попова Шапка и во Крушево, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и на прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Претпријатието со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучено во расчистување на патиштата. Неговите дежурните екипи, наведува, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Учесниците во сообраќајот можат да ги добијат сите подетални информации на дежурниот телефон 02 25 61 502
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа