Возилo на Брза помош кај Собрание – пратеничката позитивна на Ковид пристигна во Законодавниот дом

Возило на Итната медицинска помош е паркирано на паркингот кај Собранието, а во него пристигнала пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска која иако позивитна на Ковид-19 ќе присуствува на собраниска седница.

-Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна ковид-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании, напиша на Фејсбук Костадиновска-Стојчевска.

СДК.МК јавува дека од пратеничката група на СДСМ изјавиле оти возилото на Брза помош самата си го платила.

Инаку, лидерот на Левица Димитар Апасиев уште вчера најави дека ако пратениците од власта заразени со вирусот Ковид-19 се појават во Собранието тој ќе поднесе кривична пријава за биолошки тероризам.

-Ако власта се дрзне да донесе заразени пратеници од карантин на пленарна седница, ќе попие кривична пријава за БИОЛОШКИ ТЕРОРИЗАМ и некој ќе си го крка, фино-лепо, по падот на Режимот, напиша Апасиев на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.04.2021 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега