Време: Сончев и топол викенд

Претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

До недела попладне ќе се задржи претежно стабилно и суво време со постепен пораст на температурата. Во недела кон крајот на денот и во почетокот на следната седмица ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои во ноќните часови од недела кон понеделник ќе бидат проследени со ретки грмежи. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер и температурата ќе биде во опаѓање.

22.03.2024 - 07:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега