Временска прогноза: Од четврток до недела пад на температурите со локален пороен дожд грмежи
Утре ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен јужен ветер.
Како што информираат од УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од четврток до недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Дневната температура ќе биде во опаѓање.
09.09.2025 - 12:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа