Времето денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно во планинските региони во западните делови и на крајниот исток со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Утринските температури се движат од минус 1 до 7, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 5 и 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 16 степени.

13.03.2024 - 08:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега