Времето денеска сончево и топло со температура до 28 степени


Времето денес ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје сончево, тивко и топло. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 28 степени.

Во следниот период, продолжува сончево и топло време со појава на мала до умерена локална облачност.

Од четврток ќе дува умерен ветер од северен правец.

09.04.2024 - 09:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега