Времето денеска: Сончево со умерена облачност, температурите од 6 до 31 степен
Времето денеска ќе биде сончево со умерена, а на места повремено со значителна облачност. Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, која повремено ќе се зголемува. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 27 степени.
И во петок наместа ќе има значителна облачност, а претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд.
Во петок долж Повардарието, а во недела во поголем дел од земјава ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура во следните денови ќе се задржи над просекот за овој период.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа