Времето денеска: Студено утро, топло попладне


Времето денеска - утрото посвежо, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје утрото посвежо, а преку денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени.

УХМР најави дека и во среда времето ќе биде стабилно и сончево со студено утро.

Во четврток ќе има зголемена облачност, а попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд.

Под влијание на циклонска активност во петок, за време на викендот и почетокот на наредната седмица на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално, информираа од УХМР, ќе има услови за појава на невреме.

01.10.2024 - 08:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега